Skip to content

Важни информации за студентите

УПИСИ
академска 2024/25 година

Втор циклус

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е застапен со следниве студиски програми.

 Студиска програмаБрој на студенти Износ за студирање (во евра)
 Културолошки студии (во книжевноста) – едногодишни
               20                   1400
 Културолошки студии (во книжевноста) – двегодишни               20                   1900

 Конкурс втор циклус

Пријавување: 1 – 11 октомври 2024

Запишување преку iKnow системот

Решение за акредитација едногодишни студии

Решение за акредитација двегодишни студии 

Решение за почеток со работа

Трет циклус – докторски студии

Прелиминарна листа – прв уписен рок 2024/25

Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје е застапен со следниве студиски програми.

 Студиска програмаБрој на студенти Износ за студирање (во евра)
 Културолошки студии
               20
                  4500
 Македонистика – потпрограма Македонска книжевност               36
                  4500

Пријавување: 10 – 24 септември 2024

Конкурс трет циклус

Ментори од Институтот за македонска литература при Универзитетската школа за докторски студии

Структура на студиските програми

 Водич низ студиите трет циклус

Решение за акредитација трет циклус Културолошки студии

Решение за акредитација трет циклус Македонистика – македонска книжевност и култура

Решение за почеток со работа на третиот циклус Културолошки студии

Елаборат за студиската програма Културолошки студии на третиот циклус

Докторските студии се изведуваат во текот на три академски години. Наставата се одвива во текот на два семестри во кои се стекнуваат знаења во Школата за докторски студии на УКИМ и од наставата по 4 стручни предмети на Институтот. Во рамките на овие два семестри предвидена е и менторска работа. Третиот семестар е предвиден за пријава на докторската дисертација, а наредните три (четврти, петти и шести семестар) за истражување и нејзина изработка. Менторската работа ќе биде во тесна корелација со изработката на докторската дисертација, односно ќе ги воведе кандидатите во специфичната методологија на научно-истражувачката работа поврзана со темата на дисертацијата. Во сите три години се предвидени полугодишни и годишни конференции, а во втората и третата година и по една научна работилница.

 ОДБРАНА НА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА

јули 2024
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Зоран Пејковски јавно ќе ја брани докторската дисертација СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ТВОРЕЧКА ИНСПИРАЦИЈА.
Одбраната ќе се одржи на 8 јули 2024 година (понеделник) во 10.30 часот во салата за седници на Институтот.

април 2024
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Игор Поп Трајков јавно ќе ја брани докторската дисертација КУЛТУРНОТО ПОДНЕБЈЕ НА ЈУГОТ ВО РОМАНИТЕ НА ФОКНЕР И НИВНИТЕ ФИЛМСКИ АДАПТАЦИИ.
Одбраната ќе се одржи на 5 април 2024 година (петок) во 11.00 часот во салата за седници на Институтот.

декември 2023
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Славица Петровска-Ѓорѓевска јавно ќе ја брани докторската дисертација ДРАМСКИТЕ ТВОРБИ И МАКЕДОНСКИОТ КУЛТУРЕН ИДЕНТИТЕТ НА ПРЕМИНОТ ОД XIX ВО XX ВЕК.
Одбраната ќе се одржи на 7 декември 2023 година (четврток) во 10.00 часот во салата за седници на Институтот.

март 2023
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека ќе се одржат следниве јавни одбрани на докторска дисертација:

м-р Наташа Сарафова јавно ќе ја брани докторската дисертација КУЛТУРНИТЕ ПОЛИТИКИ И КУЛТУРНИТЕ ИНДУСТРИИ – ФАКТОРИ ЗА ВИДЛИВОСТА НА МАЛИТЕ КНИЖЕВНОСТИ ВО КОРПУСОТ НА СВЕТСКАТА КНИЖЕВНОСТ (СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ: НОРВЕШКА И МАКЕДОНИЈА).
Одбраната ќе се одржи на 29 март 2023 година (среда) во 11.00 часот во салата за седници на Институтот.

м-р Стефанија Иванов-Гата јавно ќе ја брани докторската дисертација РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА КУЛТУРНО-ИСТОРИСКИ ОБЈЕКТИ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ РЕГИОНАЛНИОТ ТУРИСТИЧКИ РАЗВОЈ, ПОД МЕНТОРСТВО НА ПРОФ. Д-Р МАЈА ЈАКИМОВСКА-ТОШИЌ.
Одбраната ќе се одржи на 9 март 2023 година (четврток) во 11.00 часот во салата за седници на Институтот.

февруари 2023
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Маријана Јанческа јавно ќе ја брани докторската дисертација ТИПОЛОГИЗАЦИЈА НА МИГРАЦИИТЕ ВО НАУЧНАТА ФАНТАСТИКА ВРЗ ОСНОВА НА ДЕЛАТА „ХИПЕРИОН“ И „ПАДОТ НА ХИПЕРИОН“ ОД ДЕН СИМОНС.
Одбраната ќе се одржи на 17 февруари 2023 година (петок) во 11.00 часот во салата за седници на Институтот.

јули 2022
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Екатерина Намичева јавно ќе ја брани докторската дисертација ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА ИЗГУБЕНАТА МЕМОРИЈА: СКОПСКИТЕ РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИ ОБЈЕКТИ МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ.
Одбраната ќе се одржи на 6 јули 2022 година (среда) во 10.00 часот во салата за седници и јавни одбрани на ИМЛ.

март 2022
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Ана Опачиќ јавно ќе ја брани докторската дисертација АВТОРСКИТЕ ПОЛИТИКИ ВО ФИЛМСКИТЕ АДАПТАЦИИ: СМРТ ВО ВЕНЕЦИЈА (ЛУКИНО ВИСКОНТИ), ВОЈЧЕК (ВЕРНЕР ХЕРЦОГ) И ОГЛЕДАЛО (АНДРЕЈ ТАРКОВСКИ).
Одбраната ќе се одржи на 23 март 2022 година (среда) во 11.00 часот преку видео-конференциската платформа Zoom.

ноември 2020
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Татјана Миљовска јавно ќе ја брани докторската дисертација РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ДУХОВНОТО ВО АПСТРАКТНОТО СЛИКАРСТВО.
Одбраната ќе се одржи на 10 ноември 2020 година (вторник) во 11.00 часот во Салата за седници на Институтот.

ОДБРАНА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД

февруари 2024
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека ќе се одржат следниве јавни одбрани на магистерски труд:

Јордан Шишовски јавно ќе го брани магистерскиот труд ИДЕЈАТА ЗА ДОМОТ КАЈ ХАЈДЕГЕР, БАШЛАР И ЈУНГ.
Одбраната ќе се одржи на 9.2.2024 година (петок) во 11,00 часот во салата за седници на Институтот.

Сузана Ванеска-Вељаноска јавно ќе го брани магистерскиот труд МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА ВО ПАТОПИСИТЕ ОД XIX ВЕК.
Одбраната ќе се одржи на 12.2.2024 година (понеделник) во 11,00 часот во салата за седници на Институтот.

декември 2022
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека ќе се одржат следниве јавни одбрани на магистерски труд:

Елена Трпевска: РОМАНИТЕ НА ГОЦЕ СМИЛЕВСКИ МЕЃУ МОДЕРНИЗМОТ И ПОСТМОДЕРНИЗМОТ – 7 декември 2022 година (среда), со почеток во 11.00 часот во салата за седници и јавни одбрани на Институтот.

Љиндита Кољали: КУЛТУРНИОТ ИДЕНТИТЕТ И ИНТЕРКУЛТУРНОТО ОБРЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 15 декември 2022 година (четврток), со почеток во 11.00 часот во салата за седници и јавни одбрани на Институтот.

јули 2022
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека кандидатката Светлана Коробар јавно ќе го брани магистерскиот труд ИСТОРИСКИ И СОВРЕМЕНИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ НА СТАРОЗАВЕТНАТА БИБЛИСКА ЖЕНСКОСТ.
Одбраната на магистерскиот труд ќе се одржи на 1 јули 2022 година (петок), со почеток во 11.00 часот во салата за седници и јавни одбрани на Институтот.

мај 2022
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека кандидатката Андреа Ичокаева јавно ќе го брани магистерскиот труд ЛИТЕРАТУРАТА НА ИНТЕРНЕТ – КНИГАТА И ЕЛЕКТРОНСКАТА ЕРА.
Одбраната на магистерскиот труд ќе се одржи на 16 мај 2022 година (понеделник), со почеток во 11.00 часот во салата за седници и јавни одбрани на Институтот.

ноември 2021
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека кандидатката Билјана Ѓорѓиева-Гаврилова јавно ќе го брани магистерскиот труд КУЛТУРНАТА ТРАДИЦИЈА НА ГАЛИЧНИК.
Одбраната на магистерскиот труд ќе се одржи на 24 ноември 2021 година (среда), со почеток во 11.00 часот во салата за седници и јавни одбрани на Институтот.

јуни 2021
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Александра Велева јавно ќе ја брани докторската дисертација КУЛТУРНО-СЕМАНТИЧКИ ПРАГМАТИКИ: ЕМОЦИОНАЛНИ КОНОТАЦИИ НА ЗБОРОВИТЕ ВО ОДРЕДЕНИ КУЛТУРНИ КОНТЕКСТИ.
Одбраната ќе се одржи на 25 јуни 2021 година (петок) во 11.00 часот преку видео-конференциската платформа ZOOM.

мај 2021
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Марија Чолпа јавно ќе ја брани докторската дисертација БОЖЈАТА РАКА КАКО СЕМИОТИЧКИ КОД НА ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА.
Одбраната ќе се одржи на 28 мај 2021 година (петок) во 10.00 часот во Амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков“, на II кат.

март 2021
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека кандидатката Ана Јовковска јавно ќе го брани магистерскиот труд КРИТИЧКИ ПРОМИСЛУВАЊА НА ОДРЕДЕНИ АСПЕКТИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЖЕНАТА ВО ПОПУЛАРНАТА КУЛТУРА.
Одбраната на магистерскиот труд ќе се одржи на 15 март 2021 година (понеделник), со почеток во 11.00 часот во салата за седници и јавни одбрани на Институтот.

февруари 2021
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека кандидатката Миа Буралиева јавно ќе го брани магистерскиот труд НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ И КУЛТУРАТА: КРУГ НА ВЛИЈАНИЈА.
Одбраната на магистерскиот труд ќе се одржи на 10 февруари 2021 година (среда), со почеток во 12.00 часот преку видео-конференциската платформа ZOOM.

декември 2020
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека кандидатката Наташа Петровска-Јосифоска јавно ќе го брани магистерскиот труд ЛИКОТ НА МАРИЈА МАГДАЛЕНА НИЗ ИСТОРИСКИ И СОВРЕМЕНИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ.
Одбраната на магистерскиот труд ќе се одржи на 28 декември 2020 година (понеделник), со почеток во 11.00 часот преку видео-конференциската платформа ZOOM.

јули 2020
Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека кандидатката Катерина Димитровска јавно ќе го брани магистерскиот труд ДА ВИНЧИ И МИКЕЛАНЏЕЛО – ГЕНИЈОТ И РЕНЕСАНСАТА.
Одбраната на магистерскиот труд ќе се одржи на 29 jули 2020 година (среда), со почеток во 11.00 часот во салата за седници на Институтот.