Спектар
Меѓународно македонистичко списание посветено на науката за книжевноста. Формирано вo 1983 година како афирматор на научната работа на Институтот за македонска литература и медиум преку кој се случува размена на искуствата и информациите од доменот на современите научни збиднувања. Во своите рамки ги содржи рубриките: Литературна историја, Современа македонска книжевност, Литературни врски-репринт од светот, Теорија – поетика, Мит – фолклор преку кои се формулирани основните препознатливи белези на списанието. Посебно место им се дава на рецензиите, приказите, освртите за најновата научна и стручна литература, а во некои броеви одделен е и простор за научни дискусии и библиографии. Преку нив е изразена разновидностa на списанието и се презентира континуитетот и идентитетот на македонската литература. Профилот на Спектар е познат во славистичките центри на научните и универзитетските установи ширум светот.
ISSN: 0352-2423
Меѓународен уредувачки одбор на Спектар
д-р Славчо Ковилоски, главен и одговорен уредник (Македонија)
д-р Петер Иванич (Словачка)
д-р Горан Калоѓера (Хрватска)
д-р Ала Шешкен (Руска Федерација)
д-р Лех Мјодински (Полска)
д-р Намита Субиото (Словенија)
д-р Емине Инанир (Турција)
д-р Даниела Костадиновиќ (Србија)
д-р Тамара Ќупева (Македонија)
д-р Биљана Рајчинова-Николова (Македонија)
м-р Ана Јовковска, извршен уредник (Македонија)
