Menu

Академско пишување

Предметен професор: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева

Цели на предметот

  • да се усвојат нормите на академското пишување, со што студентите ќе се стекнат со квалификации за меѓународно објавување на научни трудови;
  • поврзување со знаењето од областа во која работат;
  • стекнување со можност да се учествува во конструирањето на знаењето од својата област.

Содржина на предметот
Предметот Академско пишување опфаќа три главни дела: Историја на знаењето, Реторика на знаењето и Стратегии и техники на академското писмо. Бидејќи воведувањето на овој предмет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ повеќе има прагматична цел, акцентот ќе биде ставен на третиот дел. Предметот е замислен како техничка помош во решавањето на конкретни задачи во процесот на научното истражување и во пишувањето на докторската дисертација. Оттука, акцентот ќе биде ставен на: стратегиите и техниките на академското пишување и тоа:

  • Пронаоѓање на научен проблем (Инвенција): Што е тема и седум правила за добар избор на тема; воочување на проблемот и поставување на истражувачки прашања, поставување на хипотеза и теза. Пронаоѓање на извори, работна библиографија, типови на читање и бележење, како се произведуваат вредни белешки за идната докторска теза? Правила за избегнување на плагијат.
  • Структура и делови на докторската теза (Диспозиција): Работен нацрт и работна верзија на текстот (Кога и како се почнува со пишување), Планирање на структурата (добар/лош план за структурата), делови на докторската дисертација: Наслов, Содржина, Вовед, Тело на текстот, Заклучок, Додатоци, Биографија и литература, Резиме, Клучни зборови
  • Пасуси и конектори (Аргументација): Што е аргумент, аргументациски модуси, аргументациски стратегии, Видови пасуси, Видови конектори.
  • Јазик и стил (Елокуција)
  • Цитирање и цитати (Меморија): Одлики и недостатоци на академското цитирање, парафразирање и парафрази, грешки во парафразирањето, скратување, Цитатни стилови, Вградување на цитатите во телото на текстот.
  • Завршни работи: прегледување, лектура и коректура, обликување и предавање на докторската дисертација.

Основна литература
Oraić Tolić, D. 2011. Akademsko pismo, Zagreb, Naklada Ljevak.
Панзова, В. 2003. Науката како занает.. Скопје: Филозофски факултет.
Becher, T. and Trowler, P. 2001. Academic Tribes and Territories: Intellectual Enquiry and the Culture of Disciplines, Buckingham: Open University Press

Дополнителна литература
Kouritzin, Sandra G., Nathalie A. C Piquemal, and Norman, R. Eds. 2009. Qualitative Research: Challenging the Orthodoxies in Standard Academic Discourse(s), New York: Routledge.
Booth, W. C., Colomb, G. G. and Williams, M. J. 2008. The Craft of Research, Chicago, University of Chicago Press.
Панзова, В. 2007. Прирачник за изработка на студентски трудови, Скопје, Филозофски факултет.