Menu

Промоција во Бигорскиот Манастир на фототипното електронско издание Четвороевангелието на поп Јован Кратовски од 1562 година од Илија Велев

New Aktivnost 3 - sl.1Студенти и професори од Институтот за македонска литература во Скопје на 29 мај 2013 ги посетија светите манастири „Св. Јован Крстител“ – Бигорски манастир и „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица. Во Благовештенскиот параклис на древниот Бигорски манастир, д-р Маја Јакимовска-Тошиќ го промовираше фототипното електронско издание Четвороевангелието на поп Јован Кратовски од 1562 година од проф. д-р Илија Велев. Промоцијата и престојот во манастирите оставија неповторливи и незаборавни впечатоци кај сите присутни. За пресретливоста и гостопримството, Институтот изрази голема благодарност до почитуваниот игумен, архимандритот Партениј и до монашкото братство и сестринство. Беа подарени книги од средновековната книжевност, народната книжевност и книжевноста во 19 век, научни списанија и зборници.

Посетата на Бигорскиот манастир е забележана во печатените медиуми и на интернет-страницата на манастирот со извонреден текст за заемната поврзаност со византиската култура, традиција и духовни вредности.  

http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=983

http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/108/106501583

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=27F875A7EA01764DB89365673C6E73FC