Menu

Активности на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид, 2013 година

New Aktivnost 2 - sl.1Во меѓународната соработка на Институтот за македонска литература во Скопје, посебно место заземаат одржаните предавања на 46. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и учеството на 40. меѓународна научна конференција

Во рамките на програмата на Школата, на 16 јуни 2013 година, д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и д-р Илија Велев ги претставија најновите изданија и дејноста на Институтот. Примероци од изданијата беа отстапени на овогодинешните учесници на Школата. 

На јубилејната (40) меѓународна научна конференција се обработија три значајни теми: Светите Кирил и Методиј и словенската култура низ вековите и денес по повод 1150 години од Моравската мисија, Книжевната критика во Македонија: по повод 85-годишнината од раѓањето на акад. Милан Ѓурчинов и Македонската книжевност наспрема другите книжевности. Координатор на научната конференција беше д-р Соња Стојменска-Елзесер.

New Aktivnost 2 - sl.2  New Aktivnost 2 - sl.3 

Aktivnost 2 - sl.4 Mobile 

 

Превземете ја програмата!