Menu

Подготовки за организација на IV меѓународен научен собир

Македонско-хрватски книжевни, јазични и културни врски

New Aktivnost 1Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, го организира IV меѓународен научен собир Македонско-хрватски книжевни, јазични и културни врски. Првиот меѓународен собир на оваа тема се одржа во Риека (26 – 27 септември 2006), вториот во Охрид (10 – 11 октомври 2007) и третиот во Риека (23 – 25 март 2011). Собирот има за цел континуирано продлабочување на македонско-хрватските книжевни, јазични и кутурни врски во доменот на повеќе научни области и дисциплини: литература, лингвистика, културолошки студии, историја, етнологија и фолклор, драма, театрологија, филм и медиуми. 

IV меѓународен научен собир, со учество на професори и научни истражувачи од Хрватска и Македонија, ќе се одржи во периодот 27 - 29 септември 2013 година во Конгресниот центар на нашиот Универзитет во Охрид (www.ukim.edu.mk/kc/).