Menu

Програма за IV меѓународен научен собир Македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски

Mk-Hr1IV меѓународен научен собир Македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски во организација на Институтот за македонска литература ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид во периодот 27 – 29 септември 2013. Станува збор за четврти по ред научен собир, кој има своја традиција и континуитет и се реализира во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, со кој Институтот остварува долгогодишна интензивна и успешна соработка. На овогодинешниот собир ќе се вклучат и поголем број професори и истражувачи од Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек, особено од Одделот за културологија, со кој Институтот во јуни оваа година склучи договор за соработка во подрачјето на науката и високото образование. Пријавени се и учесници од сродните факултети и истражувачки институти во Загреб, Пула, Задар и други научни центри во Хрватска. Од Македонија, има пријавено учесници од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје - научните институти за литература, јазик, фолкор, национална историја, Филолошкиот и Филозофскиот факултет, Факултетот за драмски уметности, како и учесници од државните универзитети во Штип и Тетово.

Ќе се промовираат повеќе изданија, објавени меѓу двата последни собири Македонскиот 19-ти век од Горан Калоѓера, Политика. Култура. Идентитет од Златко Крамариќ и Ангелина Бановиќ-Марковска, Egzil u makedonskoj knjizevnosti од Борјана Прошев-Оливер, зборникот Прв, втор, друг јазик: хрватско-македонски споредби и двата последни броеви на меѓународното списание на Институтот за македонска литература Context/Контекст.

Собирот има позитивен одглас во медиумите:

http://daily.mk/cluster/bf9e580db6a75e5f03d4ddfd029d6143/vo-ohrid-sobir-na-makedonskohrvatskite-nauchni-dejci

 

Најава

   


Програма