Menu

Успешно одржана меѓународната научна конференција Popular Culture: Reading From Below

Меѓународната научна конференција Popular Culture: Reading From Below / Популарната култура: поглед одоздола во организација на Институтот за македонска литература се одржа на 3 и 4 ноември 2014 година во Македонската академија на науките и уметностите.

Оваа конференција беше посветена на 50-годишнината од основањето на Центарот за современи културолошки студии на Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија (1964 – 2014), чие влијание и наследство е присутно на магистерските и докторските културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје. Конференцијата имаше интердисциплинарен карактер и обработи културолошки теми од повеќе општествени и хуманистички подрачја, меѓу кои и исклучително актуелните проучувања на медиумите, жанрите на популарната култура, литературата и музиката, родовите истражувања, популарната култура наспроти политичките и идеолошките концепти, супкултурите, историските и општествените приоди во согледувањето на популарната култура, поврзаноста со модата, дизајнот, спортот итн.
Од пријавените 130 учесници во работата на конференцијата се вклучија 100-тина учесници од земјата и странство, меѓу кои еминентни имиња од сферата на науката и културата. Од презентираните трудови ќе се објави Зборник на англиски јазик, со што се очекува негова широка рецепција во меѓународни размери.
    Активностите во рамки на конференцијата беа проследени од печатените и електронските медими. Во продолжение, дел од нивните објави:   

http://www.mkd.mk/print/kultura/popularnata-kultura-kje-bide-vo-fokusot-na-megjunarodna-kulturoloshka-konferencija

http://www.utrinski.mk/?ItemID=B50EC33261891F4DAA8F4B8EE0681360

http://vecer.mk/makedonija/fejsbukot-deneska-e-kako-leksikonot-nekogash

http://cooltura.mk/?p=56011

http://cooltura.mk/?p=55689


PK165