Menu

Свечена промоција на 11 магистри

На Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на  20 мај 2015 година се одржа свечена промоција на 11 магистри по културологија (во книжевноста). Оваа промоција е една од активностите за одбележување на 24 мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Со пригоден говор, на новите магистри, им се обрати директорката на Институтот проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ. Постигнувањето на научниот назив магистер на науки, таа го нарече значаен исчекор во нивните кариери, но и драгоцен придонес во академската заедница. При тоа, изрази надеж дека сите ќе го продолжат своето образование и ќе се изградат во идни научници истражувачи. За завршувањето на вториот циклус студии, на магистрите, покрај диплома на Универзитетот, им се додели Diploma Supplement која овозможува меѓународна транспарентност и коректно академско и професионално признавање на стекнатата квалификација.

DSCN0631

 

DSCN0677