Menu

Меморандум за соработка со МАКЕДОНИКА

Институтот за македонска литература, на 23 април 2015 година, склучи Меморандум за разбирање и соработка со Фондацијата за негување на македонското културно наследство МАКЕДОНИКА во Скопје. На меѓусебно задоволство, двете институции ќе реализираат проекти за зачувување, негување и промовирање на македонското културно наследство. Проектите се од областа на: дигитализација на издавачката дејност на Институтот за македонска литература, соработка околу Антологијата на македонската книжевност и други проекти поврзани со македонската литература и култура.
Институтот и досега има реализирано неколку проекти од областа на електронското издаваштво, меѓу кои: електронското списание „Филолошки студии“ (http://philologicalstudies.org/), мултимедијални ЦД-ромови за заштита на ракописното книжевно наследство од Македонија, електронскиот проект Македонска литературна дата база и сл.

 

Memorandum za veb

 

Memorandum2 za veb