Menu

Успешно одржан собирот Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски

Вториот меѓународен научен собир „Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски, кој во организација на Институтот за македонска литература се одржа на 2 и 3 јули 2015 во Македонската академија на науките и уметностите, овозможи учество на еминентни имиња од сферата на науката и културата, академици, амбасадори и професори од Институтот и од сродни научни и високообразовни установи во Словачка.

Собирот придонесе за продлабочување и развивање на македонско-словачката научна и културна соработка, како и за унапредување на успешно воспоставената соработка помеѓу Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра.

По овој втор собир во 2015 година се потврди констатацијата од првиот собир на истава тема, одржан во Нитра во 2013 година, дека книжевностите и културите на нашите две словенски земји имаат многу допирни точки и влијанија, особено што се работи за литератури на кои им е својствена грижата за зачувување на традицијата и националниот предзнак.

     DSCF5594

10012940 704840199620899 7753702188234903296 o

DSCN0725

DSCN0764

DSCF5643 -

DSCN0892