Menu

Промоција на научни изданија 2015

Promocija4

Институтот за македонска литература ќе ги промовира научните изданија, објавени во 2015 година. Промоцијата ќе се одржи на 28 декември 2015 (понеделник) во 12.00 часот во Матица Ексклузив.

Пригодно обраќање ќе има д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, директорка на Институтот за македонска литература–Скопје. Ќе се промовираат научната книга Трајко Китанчев (книжевна, културна и револуционерна дејност) од д-р Валентина Миронска-Христовска – промотор рецензентот на книгата д-р Илија Велев, научната книга Културната преродба во Прилеп во XIX век од м-р Славчо Ковилоски - промотор рецензентката на книгата д-р Валентина Миронска-Христовска, двата броја на Спектар бр. 65 и 66/2015 – промотор главниот и одговорен уредник д-р Наташа Аврамовска и Context/Контекст бр.13/2015 – промотор главниот и одговорен уредник д-р Соња Стојменска-Елзесер.

Покана