Menu

Конкурси за магистерски и докторски студии за академската 2016/17 година

ks

Почитувани,

Објавени се конкурсите за запишување студенти на втор циклус и трет циклус - докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2016/2017 година. Во овие конкурси се опфатени студиските програми за магистерски и докторски културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје.

Втор циклус културолошки студии

Студиската програма Културолошки студии (во книжевноста) е составена од: задолжителен сегмент и изборни предмети. На овој начин е овозможено кандидатите да учествуваат во креирањето на програмата и изградбата на профилот според сопствените афинитети. Студиската програма културолошки студии (во книжевноста) е соодветна за кандидати од различни дисциплини, овозможувајќи проучување на културата во најширок интер/мултидисциплинарен контекст и од сите аспекти на општественото живеење.

Погледнете ги Водичот и предметните програми

За упис се потребни следниве документи:

- уверение со оценки и диплома за завршен прв циклус студии (фотокопии заверени на нотар);

- куса биографија (CV);

- електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);

Електронското пријавување може да се направи во Институтот за македонска литература или да се обратите за појаснување на тел. 3220-309 лок. 32 и e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Рокот за пријавување е од 12 септември до 7 октомври 2016, а запишувањето ќе се врши на 20 и 21 октомври 2016 година.

Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии

 

Трет циклус - докторски културолошки студии

Докторските студии се изведуваат во текот на три академски години. Наставата се одвива во текот на два семестри во кои се стекнуваат знаења во Школата за докторски студии на УКИМ и од наставата по 4 стручни предмети на Институтот. Во рамките на овие два семестри предвидена е и менторска работа. Третиот семестар е предвиден за пријава на докторската дисертација, а наредните три (четврти, петти и шести семестар) за истражување и нејзина изработка. Менторската работа ќе биде во тесна корелација со изработката на докторската дисертација, односно ќе ги воведе кандидатите во специфичната методологија на научно-истражувачката работа поврзана со темата на дисертацијата. Во сите три години се предвидени полугодишни и годишни конференции, а во втората и третата година и по една научна работилница.

Погледнете ги предметите и предметните програми

За упис се потребни следниве документи:

- уверенија со оценки и дипломи за завршен прв и втор циклус студии (фотокопии заверени на нотар);

- куса биографија (CV);

- мотивационо писмо;

- уверение за познавање светски јазик (издадено од Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ);

За пријавувањето потребно е да се избере потенцијален ментор од професорите на Институтот, кој ќе даде согласност за прифаќање на кандидатот/кандидатката. 

Документацијата за пријавување се доставува во Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје по претходна посета на Институтот. За повеќе информации тел. 3220-309 лок. 32 и e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  

Рокот за пријавување е од 12 до 30 септември 2016 година.

Конкурс за запишување студенти на трет циклус - докторски студии