Menu

Успешно одржан V меѓународен научен собир Хрватско-македонски книжевни, јазични и културни врски

V меѓународен научен собир „Хрватско-македонски книжевни, јазични и културни врски“ во организација на Филозофскиот факултет во Риека и Институтот за македонска литература во Скопје се одржа во Риека на 6 и 7 октомври 2017 година. Станува збор за петти по ред научен собир, кој има континуитет во развивањето на македонистичката и хрватската традиција во двете пријателски земји. Преку бројните теми во трите тематски секции - книжевност, култура и јазик се насочи вниманието кон заедничкото јазично и книжевно наследство.

Од Македонија, настапија учесници од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје - Институтот за македонска литература, Филолошкиот факултет „Блаже Конески и Филозофскиот факултет.

За потсетување, првиот меѓународен собир на оваа тема се одржа во Риека (26 – 27 септември 2006), вториот во Охрид (10 – 11 октомври 2007), третиот во Риека (23 – 25 март 2011) и четвртиот во Охрид (27 - 29 септември 2013) и сите собири се пропратени со зборници на научни трудови.

Програма за собирот

Hr-Mk4 large

 

Hr-Mk2 small

   Hr-Mk3.small

 

Hr-Mk1 small

22407422 10210831389401056 1439125141 n