Menu

Научен собир за Блаже Конески

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како институција која на творештвото на Блаже Конески посветува посебно внимание организира научен собир, посветен на 

70 годишнината од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески
„Земјата и љубовта“ (1948) и 25 години од смртта

Институт за македонска литература - Скопје
25 април (среда) со почеток во 10.00 часот

Blaze 2

Институтот за македонска литература ја смета оваа прва стихозбирка на големиот поет Блаже Конески за значаен настан во македонската култура. Целта на собирот е да се дефинира значењето на оваа збирка поезија за развојот на македонската современа поезија, но и за разнообразната книжевно-научна дејност на Блаже Конески. Трудовите се однесуваат на целокупното творештво на Конески.

Трудовите од научниот собир ќе се објават во меѓународното научно списание Спектар 72/2018.

Одбележувањето на 70 годишнината од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески „Земјата и љубовта“ (1948) е предвидено со Програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2018 година донесена од Собранието на РМ („Сл. весник на РМ“ бр. 190/2017).

Организационен одбор:
д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева (претседател), д-р Мишел Павловски (член), д-р Ана Мартиноска (член) и м-р Сарита Трајанова (секретар).

Собирот ќе се одржи на 25 април 2018 година (среда) во просториите на Институтот за македонска литература - Скопје.

Програма за собирот