Menu

Денови на црногорската култура во Македонија

Институтот за македонска литература со повеќе активности се вклучи во манифестацијата Денови на црногорската култура во Р Македонија. Во работна посета на Институтот од 16 до 19 март 2018 беа деканот на Факултетот за црногорски јазик и книжевност во Цетиње проф. д-р Аднан Чиргиќ и продеканот за настава м-р Александар Радоман.

На 17 мај 2018 во просториите на Институтот се одржа промоција на книгата Црногорска усна тажаленка / Crnogorska usmena tužbalica од Аднан Чиргиќ. Воведно обраќање имаше директорката на Институтот проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, а книгата ја промовираше проф. д-р Ана Мартиноска. На промоцијата присуствуваше амбасадорот на Р Црна Гора во Р Македонија Н.Е. Предраг Митровиќ и претставници од библиотечните институции во Црна Гора - Националната библиотека „Ѓураѓ Црнојевиќ“ во Цетиње и библиотеката „Радосав Љумовиќ“ во Подгорица.

На 18 мај 2018 во рамки на научниот собир „Црногорските инкунабули и постинкунабули кои се продавале во првата книжарница на Кара Трифун во Скопје“, кој се одржа во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје со свои излагања учествуваа проф д-р Валентина Миронска-Христовска и проф. д-р Александар Радоман. До организаторите и до учесниците на собирот испрати обраќање претседателот на Дукљанската академија на науките и уметностите акад. Сретен Перовиќ, посакувајќи продолжување на плодната традиција на меѓусебно запознавање и збогатување ма македонската и црногорската духовност преку научните и уметничките дисциплини.

Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје и Факултетот за црногорски јазик и книжевност во Цетиње во 2014 година потпишаа Договор за соработка во областа на науката и образованието и последниве активности се од заемен интерес за македонско-црногорските културни поврзувања и соработка.

Во иницијативата и реализацијата на активностите сесрдно залагање имаше Мирослав Орландиќ, претседател на Здружението за македонско-црногорско пријателство.

DSCN2638

 

DSCN2655

DSCN2664

DSCN2677

DSCN2678