Menu

Конференција „Популаризација на културното наследство во Скопје и Скопско“

Институтот за македонска литература организира конференција на тема Популаризација на културното наследство во Скопје и Скопско, што ќе се одржи на 11 и 12 април 2019 година. Оваа конференција се реализира со поддршка на градот Скопје како проект од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2019 година.

markov3
Конференцијата има за цел да се потенцира значењето на културното наследство во Скопје и Скопско, да се истакнат средновековните манастири како значајни центри во национални и светски културни рамки, да се согледа важната улога на библиотеките и читалиштата на територијата на град Скопје во периодот пред 19 век, како и да се укаже на важноста од заштита на наследството, особено на иконите и фрескоживописот во скопските манастири. Пријавени се 10-тина учесници од Институтот за македонска литература и од други сродни установи.


Програма на конференцијата

Покана за отворањето