Menu

Конференција Културниот туризам во афирмација на културното наследство во Скопје и скопско

sv.andreja-matka

Конференцијата Културниот туризам во афирмација на македонското културно наследство во Скопје и скопско во организација на Институтот за македонска литература ќе се одржи во среда, 16 септември 2020 година со почеток во 10.00 часот.
Местото на одржување е прекрасниот амбиент во дворот на црквата Рождество на Пресвета Богородица, со почитување на мерките и препораките за заштита од Covid-19.

На отворањето на Конференцијата свои обраќања ќе имаат претседателката на Советот на Град Скопје проф. д-р Љубица Јанчева, директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и претседателот на Одборот проф. д-р Илија Велев. Ќе се промовира зборникот на трудови Популаризација на културното наследство во Скопје и скопско, чиј промотор е проф. д-р Наташа Аврамовска. Стефче Стојковски ќе има настап со изворни народни инструменти.

Организационен одбор на Конференцијата: д-р Илија Велев (претседател), д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, директор (член) и д-р Сарита Трајанова (секретар)

Покана

Програма

Брошура со апстракти

Конференцијата се реализира во рамките на проектот Културниот туризам во афирмација на културното наследство во Скопје и скопско, које од областа музејска дејност и промоцијата на културното наследство со поддршка на Градот Скопје и Министерството за култура на РС Македонија.
Конференцијата има за цел да ја поттикне актуелноста на современата улога и значење на културниот туризам како една од функционалните мобилни форми за афирмација, заштита и промоција на културното наследство во Скопје и скопско. Градот Скопје заедно со околното сочувано духовно и културно наследство и со природните реткости е предизвикувачка дестинација за развојна перспектива и на културниот туризам. Големи се значењето и улогата на средновековните цркви и манастири како духовно и културно наследство, коешто заедно со природните реткости претставуваат привлечна и атрактивна дестинација за развојот на културниот туризам на градот Скопје и скопско.
Проектот има за цел да ги афирмира и наставните предмети кои се изведуваат на студиите од втор и трет циклус на Институтот за македонска литература: Културно наследство и Културен туризам (втор циклус) и Заштита и афирмација на културното наследство (генерички предмет на третиот циклус).
Во проектот се вклучени 10-тина учесници кои ќе настапат на Конференцијата со свои теми за проблематиката поврзана со културното наследство и културниот туризам.
Очекуваните ефекти од проектот се: дебатирање врз предложените теми, истакнување на позитивни примери од практиката во заштитата и афирмацијата на културното наследство во градот Скопје и пошироко во неговиот регион, развивање свест за заштитата и значењето на културното наследство, како и негова афирмација преку потенцијалите на културниот туризам. Очекуваме да произлезат препораки за посистематизирана заштита на културното наследство, како и унапредување на  заедничката координација помеѓу чинителите во процесот на заштитата на културното наследство, а тоа се професионалната средина, институциите од областа на културата, градот и локалната самоуправа, владините институции и јавноста.