Menu

Еко-културни теории

Предметни професори: д-р Јасмина Мојсиева-Гушева и д-р Соња Стојменска-Елзесер

Цели на предметот
Запознавање со поимот еко-етика; еколошко разбирање на светот кое ни отвора нови видици во етичката анализа на хуманото однесување  преку ускладувањето со природата; развивање на нова културолошка парадигма на човековата егзистенција; премин од доминантниот индустриски модел на живеење кон едно алтернативно однесување и творење кое инспирацијата ја црпи од природата, самоодржливоста и економијата базирана врз ресурси.
Стекнување увид во разновидни критички теории во кои се оформуваат различни идеи за односот на човекот и неговата околина, за надминувањето на антропоцентричноста, за зауздување на консумеризмот и профитерството и ублажување на еколошките кризи и проследување на културни појави во кои „природата“ и „околината“ добиваат длабоки симболички, политички и егзистенцијални конотации. 

Содржина на предметот
1.ТЕХНО-ЕКО-ЕТИЧКА КУЛТУРОЛОШКА ПАРАДИГМА

  • Потекло на моралот
  • Промена на вредносниот систем
  • Одржлив развој
  • Чисти и обновливи извори на енергија
  • Нехуманоста на монетарниот систем
  • Паметни системи и машинска интелигенција
  • Едукацијата како животен стил

2. ЕКО-КУЛТУРОЛОШКИ КРИТИЧКИ ТЕОРИИ

    • Еколошка мисла и екофилозофија (длабинска екологија)
    • Еко-критика
    • Енвироментална анализа на дискурси и медиуми
    • Енвироментално право
    • Енвироментална социологија
    • Натуркултура
    • Детериторијализација
    • Еко-политики и акции (Пармакултура)

Основна литература
Joseph R. De Jardin. 2006. Environmental ethics, Wadsworth, A Thomson Learning Company
Mојсиева-Гушева, Ј. 2010. The origin of moralityin Conteks/Контекс, стр.89-99, Скопје, ИМЛ
Fresco, Ј. 2002. The best that money can’t buy (beyond politics, poverty and war), Florida, Venus.
Beck, U. 1994. Ecological Enlightenment, New York: Humanities Press
Zimmerman, Michael E.1994. Contesting Earth's Future: Radical Ecology and Postmodernity. Berkeley: University of California Press

Дополнителна литература
Attali, Ј. 2006. Une breve histoire de l’avenir, Libraire Artheme Fayard.
Fresco. Ј. 2003. Self – erecting Structures, Florida, Venus.
Meadows, R. and Fresco, Ј. 2001. Beyond Utopia  in Utopian Thinking in Sociology: Creating the Good Society pp.86–92, American Sociological Association