Menu

Филмократијата и современата култура

Предметен професор: д-р Александар Прокопиев

Цели на предметот
Да се дефинира филмот како медиум, неговата растечка моќ и влијанија врз современата култура: геополитички (пропагандни, политички, имаголошки...), геопоетички (жанровски, технолошки иновации...), компаративни (во однос на современата уметност), социолошки (однесувањето – имиџот, аргото, модата...). Да се определи филмократијата, владеењето на филмот, како едно од доминантните во светот на современата култура. Да се анализираат импликациите, контаминацијата на филмот со идеолошките, етнички и естетски доминанти на нашето време.

Содржина на предметот

  • Почетоците на филмот (Лимиеровци, Мелиес) – експеримент, арт, документ?;
  • Филмот меѓу елитната и масовната култура;
  • Филмот и политичкото;
  • Филмот наспрема литературата и современата уметност (меѓусебни поетички трансмутации);
  • Филмот и забавата;
  • Филмот vs визуелното (фотографијата, стрипот, интернетoт).

Основна литература
Hauzer, A. 1986. Sociologija umjetnosti II, Zagreb, Skolska knjiga
Василевски, Г. 2000. Историја на филмот, Skopје, Кинотека на Македонија.
Hall, S. 2003. Questions of Cultural Identity, London, Sage

Дополнителна литература
Чепинчиќ, М. 1992. Македонскиот игран филм, Скопје, Кинотека на Македонија.
Dolo, L. 2000. Individualna i masovna kultura, Beograd, Clio.

Бал, М. 2000. Шарен екран-визуелно читање на Пруст, Скопје, Сигмапрес