Menu

Христијанска култура и уметност во средниот век

Предметен професор: д-р Маја Јакимовска-Тошиќ

Цели на предметот
Проследување на континуитетот и развојот на облиците и моделите на културно-уметничката традиција во ранохристијанскиот и во средновековниот период. Согледување на релациите и рецепцијата во влијанијата помеѓу христијанството, културата и уметноста во одделни периоди.

Содржина на предметот

  • Христијанството и историја на црквата
  • Развојни периоди на христијанската цивилизација
  • Христијанството и уметноста (односот на христијанството и уметноста во одделни периоди)
  • Филозофските ставови за односот помеѓу христијанството и уметноста
  • Културата и уметноста на византиското христијанство
  • Библијата, литургијата и уметноста
  • Средновековна ракописна книга – теологија и уметност
  • Просветителство – световно и христијанско
  • Христијанската духовност и развојот на идеите

Основна литература
приредил Мекманерс, Џ. 2004. Оксфордска историја хришќанства од настанка до 1800. Године, Београд, Clio.
Dilenberg, Ј. 1986. Stile and Content in Cristian Art, London.
Пеинтер, С. 1997. Историја средњег века, Београд, Clio.

Дополнителна литература
Дворник, Ф. 2001. Словени у европској историји и цивилизацији, Београд, Clio.
К. Заров, И. 2003. Византиска естетика и средновековниот живопис во Македонија од XI и XII век Скопје.
Јакимовска-Тошиќ, М. 2007. Кирилометодиевски книжевни проекции, Скопје, ИМЛ.