Menu

Изданија

ID-100114973Издавачката дејност е една од приоритетните дејности на Институтот за македонска литература во Скопје затоа што објавувањето на научноистражувачките резултати овозможува увид во научните достигнувања. Институтот објавува резултати од научноистражувачки проекти, магистерски и докторски трудови, изворна архивска граѓа, научни монографии, списанија, зборници и други научни трудови од областа на литературата и културата.

Посебно место ѝ припаѓа на периодиката што ја подготвува

Dissipates the application online pharmacy coat dry our COMMENTS.
и издава Институтот: меѓународно македонистичко списание посветено на науката за книжевност „Спектар“ и меѓународно научно списание од областа на  културолошките студии и компаративната книжевност „Context“/„Контекст“. Од 2010 година двете институтски списанија прераснуваат во меѓународни преку формирање на меѓународни уредувачки одбори, со членови од најмалку пет земји.

Од особено значење за развој на книжевната наука се електронските проекти:  меѓународното славистичко списание од областа на хуманистичките науки „Филолошки студии“ (www.philologicalstudies.org) и Македонската литературна база на податоци (www.litbaza.ukim.edu.mk), која претставува основа за секој иден научен проект поврзан со литературата и науката за книжевност во Македонија. 

 

Нашите изданија:

Спектар

Context / Контекст

Филолошки студии

Зборници

Научни книги

Електронски изданија