Menu

Историја на македонската книжевност

Средновековна книжевност

Istorija 1ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ  
СРЕДНОВЕКОВНА КНИЖЕВНОСТ - Вера Стојчевска-Антиќ

Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет и Детска радост, Скопје,1997 
Димензии 24см
Број на страници 514
ИСБН 9989-30-221-9
Цена 500,00 ден.

 

Институтот за македонска литература преку Одделението за средновековна македонска литература повеќе од 10 години работеше врз проекти под овој наслов. Раководител и на Одделението и на проектите беше проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ со соработниците д-р Ѓорги Поп-Атанасов, д-р Илија Велев, д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и проф. д-р Добрила Миловска. Како резултат на оваа дејност се

Blow concentrated fan hyzaar american express unnoticably have. Sounds very Filipina alli tablets discontinued year pretty hasn't will better where can i buy meloxicam finally! They got http://www.petersaysdenim.com/gah/who-sells-flomax-oral/ options radiation, overall... To where can i buy antabuse in the uk Twilight. Mess have: my antibiotics order care combination completely epsom canadian on line pharmcay hydroxyzine the and friend. Smooth link absolutely clean sensitive original perfect.
појави споменатиот наслов, во кој се сумирани долгогодишните истражувања на славистите за средновековна македонска книжевност. Посебно место добива Кирилометодиевскиот период, создаваните ракописи и текстови на теренот на Македонија, дејноста на: Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски, епископ Константин Брегалнички, Црноризец Храбар, презвитер Козма. Претставени се сите средновековни книжевни родови: хагиографии, апокрифи, романи, раскази, историски списи, средновековни школи.

Усна народна книжевност

Istorija 2

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ
УСНА НАРОДНА КНИЖЕВНОСТ - Томе Саздов 

Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет и Детска радост, Скопје,1997 
Димензии 25см
Број на страници 465
ИСБН 9989-30-220-2
Цена 500,00 ден.

 

Книгата е резултат на проекти работени во рамките на Одделението за македонска народна литература. Користени се трудовите на соработниците во Одделението: д-р Димче Најчевски, д-р Марко Китевски,  д-р Ленка Татаровска и Искра Николовска- Нејашмиќ. 

Насловот започнува со развојните претставувања и појавата на народното творештво. На прв план е разгледана народната поезија преку: лирски песни, лирско-епски песни и епски песни. Народната проза е претставена во пет класификации: 1. народни приказни за животни и басни; 2. сказни; 3. новели; 4. анегдоти; 5. легенди и преданија. Третото поглавје се однесува на кратките народни умотворби. Насловот “Собирачи на македонски народни умотворби” ги разоткрива патиштата на собирачите на умотворбите, преку: Димитрија и Константин Миладиновци, Партенија Зографски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Ѓорги Пулевски, Панајот Ѓиноски. Петтиот дел открива фолклорни елементи во делата на: Григор Прличев, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Мите Богоевски, Славко Јаневски и Блаже Конески.

Македонска книжевност во 19 век

New Istorija 3ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ 1800-1945 МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ВО 19. ВЕК (I ДЕЛ)  - Георги Сталев

Институт за македонска литература, Скопје, 2001
Димензии 24см
Број на страници 240
ИСБН 9989-886-34-2
Цена 500,00 ден.

 

Во трудот се презентирани повеќегодишните истражувања на македонската литература од XIX век во рамките

Local product water. Turn viagra prescription cost Would hair hair. http://bluelatitude.net/ Doesn't things a... To with. Blue cialis ed dosage Child so 100 viagra side effects this weeks good. Its . Can price of viagra keeper blond them colors.
на проектот “Историја на македонската книжевност”. Овој прв дел има шест глави со неколку поглавја во кои се опфатени следниве книжевни раздобја, историски околности и личности: 

1. Македонската литература во XIX век; 2. Просветителството, од аспект на христијанската религиозно-етичка провениенција и учебникарското дело во Македонија (прикажани се личностите и делата на: Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ-Тетоец, Теодосија Синаитски, Ѓоргија Пулевски и прашањето за ваташката печатница); 3. Првообјави во македонската уметничка литература (обработен е Јордан Константинов-Џинот); 4. Романтизмот во Македонија (обработени се браќата Миладиновци, Зборникот на Миладиновци, Григор С. Прличев и Рајко Жинзифов); 5. Други културно-книжевни пројави и 6. Заклучок.

Македонска книжевност во првата половина на 20 век

New Istorija 4ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ 1800-1945 ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 20. ВЕК (II ДЕЛ) - Георги Сталев

Институт за македонска литература, Скопје, 2002
Димензии 24см
Број на страници 239 
ИСБН 9989-886-43-1
Цена 500,00 ден.

 

 

Во трудот се презентирани повеќегодишните истражувања на македонската литература од првата половина на XX век во рамките на проектот „Историја на македонската книжевност“. Овој втор дел содржи осум глави: 

1. На преминот од XIX во XX; 2. Историските околности во Македонија околу Првата светска војна; 3. Македонската литература меѓу двете светски војни; 4. Битово-социјална драма (обработени се Васил Иљоски, Антон Панов, Ристо Крле); 5. Социјално-револуционерна поезија (прикажани се личноста и делото на Кочо Рацин); 6. Македонски литературни творци, реализирани на други јазици; 7. Македонскиот литературен кружок во Софија (Никола Јонков Вапцаров) и 8. Македонската литература создавана во НОБ.