Menu

ЕКВИЛИБРИУМ / EQUILIBRIUM (збирка студии, двојазично издание)


EkvilibriumСоња Стојменска-Елзесер
Институт за македонска литература, Скопје, 2009
Димензии 26см
Број на страници 92, 82
ISBN 978-9989-886-72-0
Цена 300,00 ден.
 
Оваа книга претставува презентација од учества на авторката на неколку меѓународни компаративни книжевно-научни собири во светот, на кои афирмирала и толкувала определени појави и процеси од македонската современа литература од различни аспекти, соодветни на поставените тематски рамки на определениот собир. Сите трудови се реализирани во рамки на глобалните дејности и проекти на Одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност. Ексклузивноста на оваа книга е во тоа што студиите се објавени двојазично – на македонски и на англиски јазик (како што, впрочем, биле презентирани во странство) се со цел да се даде прилог кон доближување и расветлување на одделни проблемски подрачја од македонската книжевност и култура до странските читатели и истражувачи кои покажуваат интерес.