Menu

ТРУДОВИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР


Trudovi_za_mak._folklorМарко Китевски
Институт за македонска литература, Скопје, 2009
Димензии 21см
Број на страници 286
ISBN 978-9989-886-76-8
Цена 300,00 ден.
 
Ракописот „Трудови за македонскиот фолклор“ содржи 250 страници оригинални истражувања на повеќе теми и личности од македонскиот фолклор што се од исклучително значење за македонската фолклористика. Се работи за помалку истражувани подрачја како што се: Драмски елементи во фолклорот-традиција и актуелизација, Марко Крале во македонските народни умотворби, Традиција и литература, Свети Наум во споменот на народот, Браќата Миладиновци во словенските литератури, Јане Сандански во македонската револуционерна народна песна, Даме Груев во македонската револуционерна народна песна, Стерјо Спасе како собирач на македонски народни песни, Лудвик Куба како собирач на македонски фолклорни и етнографски материјали, Карактеристики на македонските револуционерни народни песни, Кратовскиот зборник на Ефрем Каранов, Спомените на илинденците како извор на фолклорни и етнографски материјали итн. Некои од овие теми се работени во рамките на проектите на Институтот, како што се истражувањата на драмските елементи во македонскиот фолклор, ликот на Марко Крале во македонските народни умотворби итн.