Menu

ИНТЕРКУЛТУРНА КОМУНИКАЦИЈА (врз примери од балканските литератури)


Interk._komunikacijaАфрим Реџепи
Институт за македонска литература, Скопје, 2009
Димензии 24см
Број на страници 138
ISBN 978-9989-886-73-7
Цена 300,00 ден.
 
Логиката на оваа книга се однесува на теориската прагма на А. Њиши: „Секоја култура во суштина е интеркултура“ и на теориската прагма на Ж. Дерида: „Нема култура, ниту културен идентитет без таа разлика со себе“. Книгата, за почетна позиција ја има афирмативноста на разликите (балканските литератури) бидејќи тоа е барање и нужност на модерниот свет кој од Ј. Лотман е одреден преку лексемата Семиосфера и од П. Вирно преку збирот Граматологија на различноста на светот. Книгата ја демонстрира релациската естетика на соодноси, докажува дека и балканскиот современ роман е ставен во функција на интеркултурната комуникација, сугерира на културниот идентитет како разлика во себе, како визија за космополитско доживување на времето. Одредувањето на димензијата на универзалното преку приближување и совпаѓање на недостатоците: мојот и на другиот, упатува на епохалната размисла на П. Валери: „Нашата особеност се состои во тоа што се чуствуваме универзални – луѓе на универзумот“.