Menu

ВО ПОЧЕТОКОТ БЕШЕ СЛОВОТО (Iskonj by Slovo)


SlovotoИнститут за македонска литература, Скопје 2009
Димензии 21 см
Број на страници 230
ISBN 978-9989-886-74-4
Цена: 300,00 ден.
 
Книга со научни студии во кои се презентираат најновите истражувања од областа на македонската писмена традиција, на средновековното византиско и македонско книжевно наследство, на македонско-украинските, македонско-руските, македонско-хрватските или на македонско српските книжевни врски, на откривањата нови сознанија за ракописниот апостол на Павел Божигропски од 1841 година, на Хилендарскиот лечебник од крајот на XIX век, за македонистичките ставови на Петар Драганов пред македонската национална раскрсница, и др. Од особено значење е и застапената студија за Византиската култура и македонскиот културноисториски идентитет, каде што се истакнува фактот дека Византија не е еднорамковна култура, туку конгломерат од култура – од која македонската култура црпела, но и партиципирала дел од својот развоен континуитет.