Menu

МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ВО ЛИТЕРАТУРНИОТ 19 ВЕК


Mak._prasanjeВалентина Миронска-Христовска
Институт за македонска литература, Скопје, 2009
Димензии 21 см
Број на страници 229
ISBN 978-9989-886-78-2
Цена 300,00 ден.
 
Македонската литература во 19 век, односно делата на македонските преродбеници, просветители и романтичари ни го посочуваат нивниот тематски именител - маке­дон­ск­о­то прашање. Почетокот на отворањето на македонското пра­ша­ње го согледуваме во укинувањето на Охридската ар­хи­епи­с­ко­пи­ја во 1767 година, чија содржина се менувала: ослободувањето на Македонија од Ос­ман­лис­ка­та Империја; обновата на Охридската архиепископија односно приз­­на­вањето на Македонската православна црква; автономија на Македонија односно Македонија на Македонците; коди­фи­ка­ци­ја­та на македонскиот јазик; територијалната поделба на Ма­ке­до­ни­ја; а во денешно време тоа се одвива по однос на ма­ке­дон­ско­то име, на македонскиот идентитет.     
Во македонската литературна историја непобитно е дека во 19 век македонските преродбеници, просветители, ин­те­лек­ту­ал­ци, граѓанската класа и револуционерите дејствувале и ги бе­ле­же­ле своите активности онака како што тие се случувале, онака ка­ко што ги доживувале. Нивните исписи, за нас се драгоцен до­ку­мент, кој сведочи за историските факти, за историските нас­та­ни, за историските личности, за историско-културниот кон­ти­ну­и­ран развој на македонскиот народ, за борбата за правилното ре­ша­вање на македонското прашање. Пред нас распослани се мно­гу­бројни сведоштва за Македонија, етнографски расправи за Ма­ке­до­нија, за македонското движење, за македонското дело, по ма­ке­дон­ските работи, за зацвстувањето на националната свест, за да­мас­кинарската традиција, за дилемите пред идеите за пан­сла­ви­зам, илиризам, унијатството, за саможртвите, во кои се бара: ре­ше­ние на македонското прашање. Околу нас извираат ав­то­би­о­гра­фии, спомени, раскази, патописи, песни, драми во кои се за­пи­ша­ни историските настани од 19 век од кои извира единствената по­ра­ка-поука дека македонскиот народ мора да биде единствен, да биде обединет како историска неопходност, бидејќи ра­зе­ди­не­тос­та би водела кон дележ на Македонија. Во книгава застапен е само сегмент од истра­жу­ва­њата на темата македонското прашање. Во неа се вклучени и прет­ста­ву­вањата на книгите на нашите научни современици кои пи­шу­ва­ат за оние од минатото кои пишувале или оставиле по­да­тоци за тоа минато, за македонското пра­ша­ње.