Menu

МИТОТ И РИТУАЛОТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР – РЕЛАЦИИ И ПРОНИКНУВАЊА


MitotАна Мартиноска
Институт за македонска литература, Скопје, 2008
Димензии 20 см
Број на страници 211
ISBN 978-9989-886-68-3
Цена 300,00 ден.
 
Книгата се темели на трудови изработени во склоп на два научно-истражувачки проекти на Одделението за македонска народна литература при Институтот за македонска литература. Во нејзиниот фокус се феномените на митот и ритуалот, како и нивните релации и проникнувања со различни форми на македонскиот фолклор. Првиот дел од книгата содржи проследување на митолошките елементи, пред сè на сликите на самовилите и останатите натприродни суштества во македонските народни гатанки, а подоцна гатанките се разгледани и како ритуални дејства, имајќи ги предвид минатите времиња кога гатанките биле дел од жртвените обреди и рутали, нивниот иницијациски карактер, како и самиот факт дека гатанките како жанр во својата суштина неизоставно подразбираат двајца учесници и дијалог помеѓу нив.
Вториот дел се задржува повеќе на митот и митското мислење како основа на македонските народни баења, а тие се одредуваат и како ритуали чие логичко и структурно јадро е дејството пропратено со говор кој го придружува, и тоа одредување е извршено преку ритуалните постапки и облици на дејствување и преку нивната изразена симболика. На самиот крај, поместени се и неколку дополнителни трудови кои се пишувани во различни пригоди и по различни поводи кои тематски се вклопуваат во проблематиката на митот и ритуалот и нивните релации со македонскиот фолклор.