Menu

МАКЕДОНСКАТА ПРЕРОДБА


Mak._prerodbaВалентина Миронска-Христовска
Институт за македонска литература, Скопје, 2007
Димензии 20см
Број на страници 270
ISBN 978-9989-886-64-5
Цена 300,00 ден.
 
Монографски труд во кој се проследуваат литературните, идеолошките и историските пројави од преродбата во 19 век до современите македонски автори. Почнувајќи со текстот за развојниот процес на просветителските идеи во Македонија, во трудот се согледува нивната поставеност во балкански контекст, литературните и идеолошките заложби на преродбениците К. Пејчиновиќ, Г. Прличев, Р. Жинзифов, Ј. Х. К. Џинот, браќата Миладиновци, Д. Чуповски, Г. Пулевски, Л. И. Хаџиев; М. Цепенков, Д. Молеров, Н. Македонски; М. Војницалија, Г. Аџипанзов, Н. Вапцаров, В. Чернодрински, Е. Спространов, К. Мисирков, Лозарите, а во посебна студија елаборирана е идејата за Балканска федерација, која се појавила во 19 век. Од компаративен и филозофски аспект проследени се категориите: честта (кај Чернодрински), чекањето (во македонските битовите драми), страдањето (со примери од светската литература и П. Андреевски), илинденската епопеја како историска традиција или Смрт (С. Дракул), македонскиот идентитет (Б. Конески, фолклорот) итн. Трудовите произлегуваат од проекти, реализирани во Институтот за македонска литература и од проекти од меѓународен карактер (Континуитетот на македонската културно – литературна традиција во 19 век; Националните рефлексии во определени творечки пројави на македонската книжевност во 19 век; Балканската слика на светот итн.