Menu

КИРИЛОМЕТОДИЕВСКИ КНИЖЕВНИ ПРОЕКЦИИ


Kirilometod._proekcii_knigaМаја Јакимовска-Тошиќ
Институт за македонска литература, Скопје, 2007
Димензии 21см
Број на страници 222
ISBN 978-9989-886-65-2
Цена 300,00 ден.
 
Книгата нуди три тематски подрачја од доменот на кирилометодиевската проблематика, концепирани според опфатените проблемски разработки. Во нив се презентираат видувања сврзани со канонизацијата на општохристијанските и словенските светители и црковната организација во Македонија; прашања поврзани со култовите на словенските светители во македонската книжевна традиција, како и разработки на одделни тематски подрачја сврзани со книжевните облици на македонската литература во XV век низ неколку најкарактеристични книжевни жанрови (палеата, евангелието, ораторско-прозните текстови, панегирикот, патристичките текстови, правно-канонските книги). Концепирани во една целина добиваат монографска презентација. Темите од областа на кирилометодиевската проблематика и понатаму добиваат актуелен културолошки третман во општ славистички контекст и директно влијаат врз утврдување на сопствената традиција, културно наследство и идентитет.