Menu

ЦРНООКА ДЕВОЈКО (Македонски народни умотворби собрани на младински истражувачки акции)


Crnooka_devojkoРедакција: Марко Китевски
Институт за македонска литература, Скопје, 2006
Димензии: 24см
Број на страници 237
ISBN 9989-886-58-Х
Цена 300,00 ден.
 
Книгата содржи досега необјавени македонски народни умотворби (околу 250 народни песни, 50-тина прозни народни умотворби, 12 пословици, 64 гатанки и 1 здравица) од разни краишта на Македонија. Народните умотворби што во рамките на младинските истражувачки акции биле запишувани во повеќе региони на Македонија претставуваат регистер на состојбата на фолклорот во последните децении на дваесетиот век. Интересни се споредбите на некои песни од овој труд со песни со исти мотиви во зборниците на Миладиновци, Верковиќ, Шапкарев, Икономов, Стоилов и други собирачи од 19 век.