Menu

ПРЕВОДИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ XIX ВЕК

Васил Тоциновски 
Институт за македонска литература, Скопје, 2005
Димензии 21см
Број на страници 235
ИСБН 9989-886-53-9
Цена 300,00 ден.
Овој монографски труд опстојно и аналитички го проследува преводот како една од најзначајните книжевни и културни дејности во која се вклучени сите најзначајни имиња на македонската литература. Хронолошки проследени се 38 преведувачи кои со приопштувањето на дела од другите книжевни и јазични средини, ја внесоа македонската книжевност во големото семејство на културните народи на Европа. Паралелно со преводот се создавала и новата македонска литература. Авторот низ книжевната ангажираност доследно ги следи и ги коментира и борбите за создавање на посебен македонски јазик (Пулевски, Божигропски) заокружени со книгата на Крсте Мисирков За македонцките работи.