Menu

СПОРЕДБЕНА СЛАВИСТИКА

Соња Стојменска-Елзесер
Институт за македонска литература, Скопје, 2005
Димензии 20см
Број на страници 218
ИСБН 9989-886-54-7
Цена 300,00 ден.
Книгата претставува избор од студии, пишувани во подолг временски период од петнаесетина години, кој илустрира еден сегмент од работата на авторката во Институтот за македонска литература во Скопје. Изборот се концентрира врз теми од областа на книжевната славистика, проучувани со компаративна методологија, и опфаќа првенствено трудови кои произлегле од неколку проекти на Одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност при Институт. Тоа се проектите: "Проникнувања помеѓу македонската и светската литература", "Критичките модели во македонската литература во светлината на светската книжевно-теоретска мисла" и "Имагологија – сликата на Другиот во современата македонска литература". Вклученоста на Стојменска-Елзесер во овие проекти со проблеми кои ги зафаќаат македонско-руските, македонско-чешките и македонско-словачките културни и книжевни релации, сведочи за нејзиниот подлабок интерес кон споредбените слвистички истражувања. Книгава е парцијален прилог кон развивањето на оваа проблематика во нашата книжевна наука.