Menu

ТВОРЕЧКИОТ ЛИК НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ

Георги Сталев
Институт за македонска литература, Скопје, 2005
Димензии 24см
Број на страници 295
ISBN 9989-886-50-4
Цена 300,00 ден.
Монографијата открива за првпат кај нас, во една покомплексна целина речиси сé што е истражено и напишано во нашава земја (и делумно во Европа) во врска со авторот на овенчаната поема "Сердарот". Во трудот даден е широк осврт врз најзначајните реалии што го оформувале и оформиле творечкиот лик на нашиот охридски поет – лауреат од XIX век кој се афирмирал во туѓа средина на немајчиниот јазик, за да биде само за кратко прифатен и набргу речиси сосема отуѓен од грчката литература. За Прличев до појавата на оваа монографија, постојат две вакви дела напишани и објавени во Бугарија и Данска (Топалов и Рајмонд). Основата на овој труд ја сочинуваат покомплетните анализи на сите книжевни дела на Прличев, дури и на "безначајните" стихови од оставнината. Најголемиот дел е посветен на сé она што содржат научните сознанија по разни прашања и проблеми од животот и делото на поетот, преведувачот, прозаистот, полемичарот Григор С. Прличев.