Menu

ПРОСВЕТИТЕЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

Валентина Миронска-Христовска 
Институт за македонска литература, Скопје, 2005
Димензии 21см
Број на страници 281
ISBN 9989-886-51-2
Цена 300,00 ден.
Во книгата, проследен е општо-културниот, економскиот и националниот развој во Македонија во 19 век. Констатирано е дека тој се одвивал во континуитет и речиси паралелно со европските текови. Најпрвин, проследено е просветителското движење во европски рамки, а потоа неговите текови врамени се во македонското културно наследство. Текстот претставува првичен обид да се систематизираат значајните процеси за просветителскиот период и да се отворат голем број прашања за понатамошно проучување на овој мошне значаен период од македонската историја. Книгата е составена од 15 поглавја: "Просветителството општо културно-политичко движење", "Појавата на просветителските тенденции во Македонија", "Улогата на еснафите и на граѓанско-трговскиот слој", "Развојот на просветата во Македонија преку црковно-училишните општини", "Борбата за самостојна Македонска црква", "Дамаскинарската традиција во македонскиот литературен развој", "Борбата за самостоен македонски литературен јазик", "Првите македонски учебникари", "Претставници на просветителската литература", "Народното творештво белег на националното богатство", "Печатарската дејност во просветителскиот период", "Отворање читалишта и библиотеки", "Театарската уметност во Македонија во 19 век", "Црковните мајстори носители на просветителската уметност" и "Музичката култура во просветителскиот период".