Menu

ЛИТЕРАТУРНОТО ДЕЛО НА ЕФТИМ СПРОСТРАНОВ

Валентина Миронска-Христовска 
Институт за македонска литература, Скопје, 2004
Димензии 21см
Број на страници 336
ISBN 9989-886-40-7
Цена 300,00 ден.
Евтим Спространов (1867-1931) литерат, лингвист, фолклорист, етнограф, археограф, публицист, преведувач, историчар односно хроничар на времето во кое живеел, запишувач и толкувач на По македонските работи. Исписот на неговиот живот е заснован врз неговите сведошни (автобиографски) записи, архивски материјали, дневнички записи, биографски и историографски податоци. Неговото литературно дело, кое е сочувано во ракопис во Софиските архиви (БАН и БИА) и кое е расфлано во периодиката од 19 и 20 век, во трудот е презентирано во повеќе поглавја, според жанровската припадност: статии за актуелните општествено-политички прашања; студии односно граматика на охридскиот говор; народни умотворби; детски приказни; патописни белешки; студии за историското минато на градот Охрид; раскази; песни; поеми и дидактичко-морализаторско религиозни записи. Во литературното дело на Евтим Спространов и покрај жанровското богатство, темата е единствена – Македонија. Трудот претставува прво опстојно проследување на животното и литературно дело на охриѓанецот Евтим Спространов, кој заслужува македонската литературна историја да отвори страница за неговото творештво и неговото име да го вгради во македонската литературна традиција.