Menu

АВТОБИОГРАФИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН 19 ВЕК

Наташа Аврамовска 
Институт за македонска литература, Скопје, 2004
Димензии 20см
Број на страници 201
ISBN 9989-886-47-4
Цена 300,00 ден.
Уводното поглавје ги проследува историските околности и теориските претпоставки на профилирањето на автобиографијата како литературен жанр на почетокот на 19 век во европските литератури. Во засебни поглавја проследени се првите автобиографски пројави во македонската литература во првата половина на 19 век (Пејчиновиќ, Џинот), како и во последните две децении од векот кога во македонската литература автобиографијата се профилира како раскажувачки жанр, а авторскиот потпис се легитимира во контекстот на „народното дело" и „страдалничката исповест" (Г.Прличев, Марко, Цепенков, Натанаил Кучевишки, Зафир Белев, Коне Самарџиев и др.) Завршно осветлени се историските претпоставки на згаснувањето на актуелноста на овој сведошен жанр во Илинденскиот период.