Menu

ВРЕМЕ МИНАТО И СЕГАШНО

Васил Тоциновски
Институт за македонска литература, Скопје, 2002
Димензии 21см
Број на страници 262
ISBN 9989-886-35-0
Цена 300,00 ден.
Во поднасловот на книгата се назначува дека станува збор за книжевно-историски студии кои се посветени на актуелното прашање за дводомните писатели. Станува збор за Македонци и за нивните трагични судбини низ многуте војни, делби и преселби кои се образувале и живееле во туѓи средини, па оттука и неминовно нивното книжевно дело било реализирано во туѓојазичен израз. Но нивна единствена тема била историјата, судбината и иднината на татковината Македонија. За неа војувале и со оружје и со пишан збор авторите за кои Тоциновски отвора нови страници и значења: Арсени Јовков, Димитар Г. Молеров, Кочо Молеров, Сребро Јанакиев, Владимир Ковачев, Никола Х. Дренков, Атанас Трендафилов и Ангел Каратанчев. И во оваа своја книга авторот истражувач приопштува неколку нови и непознати творечки имиња со трајни книжевни вредности во летописот на новата и современа македонска литература.