Menu

ОРИГИНАЛНИТЕ КНИЖЕВНИ СОСТАВИ ВО МАКЕДОНСКИОТ XV ВЕК

Маја Јакимовска-Тошиќ
Институт за македонска литература, Скопје, 2002
Димензии 21см
Број на страници 250
ISBN 9989-886-45-8
Цена 300,00 ден.
Петнаесеттиот век, со кој се означува почетокот на доцното средновековие, се одликува со свои книжевни тенденции и развојни определби. Оригиналните книжевни остварувања ги откриваат основните насоки во духовниот развој на епохата, а преку активностите на интелигенцијата од периодот на XV век се изведува суштината на новиот културен модел, кој останува валиден за нашата култура до крајот на XVIII век. Во книгата оригиналните состави се пројавуваат проследени во разновидни жанровски форми: хагиографски текстови, химнографски, ораторско-прозни, историско-летописни, белетристички и други пократки оригинални состави од типот на записите.