Menu

АЛЕГОРИЈАТА, ГРОТЕСКАТА И МАКЕДОНСКИОТ РОМАН

Лорета Георгиевска-Јаковлева 
Институт за македонска литература, Скопје, 2002
Димензии 20см
Број на страници 270
ISBN 9989-886-37-7
Цена 300,00 ден.
Книгата претставува оригинален придонес кон теоријата на алегоријата, како и сублимиран преглед на теоријата на гротеската. Посебно внимание се посветува на хибридизацијата на алегоријата, гротеската и фантастиката. Терминот „тип уметничко претставување“ се проширува на поимите алегорија и гротеска и тие, заедно со фантастиката се одредуваат како сродни. Сродноста се гледа во „отстапката од нормата“, па токму затоа нивната фрекфентност се зголемува во периоди на „воведување на новото“. Сознанијата се аплицирани врз материјал од современиот македонски роман.