Menu

РОД И ПОРОД

Васил Тоциновски
Институт за македонска литература, Скопје, 2001
Димензии 21см
Број на страници 330
ISBN 9989-886-17-2
Цена 300,00 ден.
Во забрзаниот развиток на македонската литература во периодот меѓу двете светски војни се освојуваат сите книжевни жанри и видови, на голема врата во литературата се внесува новата, македонска тематика и таа се создава на македонски литературен јазик. Така на најуверлив начин се потврдуваат традицијата и континуитетот на нејзината опстојба. Кирил Манасиев (1909, Гевгелија - 1936, Софија) секако претставува едно од најинтересните и оригинални творечки имиња и по човечката судбина и драма и по естетските вредности на книжевното дело создавано во еден прекраток временски период. Авторот првпат и опстојно го следи животот на Манасиев, го коментира и го вреднува неговото поетско, прозно и драмско творештво и неговата бележита општествена и културна дејност во круговите на македонската напредна емиграција во Бугарија меѓу двете светски војни.