Menu

СТАРОГРАДСКАТА НАРОДНА ПЕСНА ВО МАКЕДОНИЈА

Ленка Татаровска
Институт за македонска литература, Скопје, 2001
Димензии 24см
Број на страници 136
ISBN 9989-886-33-4
Цена 300,00 ден.
Книгата е посветена на староградската народна песна во Македонија, односно на проблемите на граѓанската народна поезија во рамките на нејзиното книжевно-историско, социјално и културно значење на територијата на Балканот и пошироко. Имено, станува збор за рецепцијата на овој вид поезија во јужнословенски и европски контекст, за потеклото и најстарите македонски записи кои датираат уште од средниот век. Се зборува и за неминовните процеси на проникнувања на усната и книжевната традиција, колку испреплетени толку и одделни, но и двата подеднакво одлучувачки при оформувањето на овој книжевно-историски феномен. На крај е даден и антологиски избор на македонските староградски народни песни