Menu

МОЈА ЗЕМЈА

Јованка Стојановска-Друговац
Институт за македонска литература, Скопје, 2001
Димензии 21см
Број на страници 377 
ISBN 9989-886-30-Х
Цена 300,00 ден.
Монографијата на својата 371 страница опфаќа 23 научни прилога за истакнати дејци од македонскиот книжевен 19 и 20 век: Константин и Димитрија Миладиновци, Ѓорѓија Пулевски и Димитрија Чуповски, Григор Прличев, Војдан Чернодрински, Анѓелко Крстиќ, Томо Смиљаниќ Брадина, Асен Каваев, Ристо Крле, Васил Иљоски, Антон Панов, Јован Д. Костовски, Кочо Рацин, Никола Ј. Вапцаров, Ѓорѓи Абациев, Коле Неделковски, Воислав И. Илиќ, Владо Малески, Димитар Митрев, Миодраг Друговац, Блаже Конески. Вториот дел од книгата ја опфаќа книжевната критика, а во третиот дел се поместени библиографиите на д-р Томо С. Брадина, проф. д-р Воислав И. Илиќ и проф. д-р Миодраг Друговац.