Menu

ЧИНГОВАТА АПАРТНА ПОЕТИКА

Јасмина Мојсиева-Гушева 
Институт за македонска литература, Скопје, 2001
Димензии 21см
Број на страници 312
ISBN 998-98-8623-7
Цена 300,00 ден.
Предмет на истражување на оваа студија е феноменот на уметничкото дело на Живко Чинго претставен преку теоријата на литературата и различните интерпретативни стратегии кодифицирани од страна на мноштво егзегетски школи. Во истражувањето на одделните аспекти на оваа тема се интегрирани и искуствата од психологијата, социологијата, гносеологијата, теоријата на рецепцијата, херменевтиката, структурализмот и постструктурализмот.