Menu

СПИРО ИВАНОВ: ПРИКАЗНИ ОД СЕЛО ЦРСКО

Марко Китевски
Институт за македонска литература, Скопје, 2001
Димензии 24см
Број на страници 210
ISBN 9989-886-24-59
Цена 300,00 ден.
Зборникот содржи 24 македонски народни приказни сите запишани од Спиро Иванов, во тоа време жител на Софија. С. Иванов е роден во село Црско, Кичевско и приказните се запишани на говорот од овој крај. Овие приказни се запишани и објавени на иницијатива на Ефтим Спространов, тогаш уредник во Зборник за народни умотворенија во Софија. Спространов го познавал Спиро Иванов како раскажувач со богат репертоар и го наговорил да ги запише приказните што ги знаел од детството. Овие приказни спаѓаат меѓу најубавите македонски народни приказни, а Спиро Иванов меѓу најталентираните раскажувачи и запишувачи на македонски народни умотворби