Menu

МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ ВО XV ВЕК

Маја Јакимовска-Тошиќ 
Институт за македонска литература, Скопје, 2001
Димензии 21см
Број на страници 342
ISBN 9989-886-32-6
Цена 300,00 ден.
Во книгата проследувањето на севкупниот книжевен и духовен живот низ една од најпреломните епохи на балкнските простори - петнаесеттот век има за цел да даде нов поглед врз развојните текови и книжевните пројави од овој период на македонското средновековие. Книжевноста создавана во XV век претставува продукт на карактеристичните општествено-политички, духовни и културолошки прилики, кои ја одредуваат конкретната историска рамка на периодот. Затоа, во книгата како суштинско се наметнува прашањето за идентификација на најистакнатите книжевни дејци и продуцираните книжевни дела, кои и даваат полно обележје на епохата. Оваа преводна литературна продукција, актуелна за своето време, се одликува со тематско и жанровско разнообразие, а пројавите на книжевниците во разновидните книжевни остварувања соодветствуваат на културниот и општествениот развој карактеристичен за македонскиот простор од овој период.