Menu

ИТАЛИЈАНСКАТА КНИЖЕВНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Анастасија Ѓурчинова 
Институт за македонска литература, Скопје, 2001
Димензии 21см
Број на страници 344
ISBN 9989-851-26-3
Цена 300,00 ден.
Станува збор за адаптирана верзија на докторската дисертација на авторката, одбранета на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје 2000 година. Во ова издание се изземени неколку поглавја од дисертацијата, кои ќе бидат објавени во друга пригода. Во книгава се следи рецепцијата на италијанската литература во Македонија во текот на две столетија: низ 19 и 20 век, преку согледување на преводната литература, интересот за италијански автори кај македонските писатели и критичари, присуството на италијански автори на македонските театарски сцени и сл. Интензитетот на рецепцијата варира во одделни периоди, зависно и од историско-општествените услови во матичната средина. Притоа, се доаѓа до заклучокот дека станува збор за интерлитерарен дијалог кој се одвива меѓу две литератури и култури со различна конфесионална и јазична припадност, но кои сепак припаѓаат на еден заеднички цивилизациски систем, како дел од единствениот културен регион, со корени во античката, христијанската и медитеранската културна традиција.