Menu

ФАНТАСТИКАТА И МАКЕДОНСКИОТ РОМАН

Лорета Георгиевска-Јаковлева
Институт за македонска литература, Скопје, 2001
Димензии 20см
Број на страници 205
ISBN 9989-886-16-4
Цена 300,00 ден.
Книгата донесува нови сознанија во откривањето на природата на фантастиката, нејзините дистинктивни својства, како и заемните својства што таа ги воспоставува со алегоријата и гротеската. За таа цел е воведен терминот „тип уметничко претставување“ како теоретска алатка за објаснување на хибридизацијата меѓу овие три категории. Посебно се разгледуваат: спецификите на фантастичниот тип уметничко претставување, како и фантастичниот тип уметничко претставување каде алегоријата учествува како постапка и фантастичниот тип уметничко претставување каде гротеската учествува како постапка. Теоретските сознанија се практично применети врз конкретен материјал ексцерпиран од македонската ромасиерска продукција.