Menu

ЗАПИСИ И НАТПИСИ ОД ЛЕСНОВСКИОТ КНИЖЕВЕН ЦЕНТАР

Илија Велев
Институт за македонска литература, Скопје, 2001
Димензии 24см
Број на страници 120
ISBN 9989-886-31-8
Цена 300,00 ден.
Објавување на изворна граѓа во монографско претставување како последователност на авторовите истражувања за Св. Гаврил Лесновски во книжевната традиција (1996) и Лесновскиот книжевен центар (1997). Токму овој изворен материјал беше фундаментот врз кој главно се потпираа истражувачките констатации во разрешувањето на бројните прашања за континуитетот и традицијата на Лесновскиот книжевен центар. Еден дел од записите и натписите се објавувани во старата научна литература, но овде се групираат на едно место и се вршат извесни поправки на пројавените грешки. Истовремено, во изданиево се објавува и таков изворен материјал што овде за првпат се презентира пред научната јавност. Со оваа книга авторот врши заокружување на издавачката целина на трилогијата за Лесновскиот книжевен центар.